Skip to main content Scroll Top

GAME SLICE – Повик за инди тимови да се презентираат пред европските издавачи на FTW! конференцијата!

For the Win!, меѓународната b2b конференција посветена на гејм девелопмент, оваа година воведува специјална програма посветена на издаваштвото, со отворен повик до сите европски инди тимови да аплицираат за pitching пред издавачи како Raw Fury, Aurora Punks, Untold Tales, Bright Gambit, New Tales, Kando Factory и HeroCraft. Крајниот рок за аплицирање е 15 мај.

FOR THE WIN! заслужено влезе во календарот на најзначајни европски настани за професионалци од гејминг индустријата и стана ново одредиште за средба на европската гејминг заедница. Во ова четврто издание ќе ги обедини професионалците од гејминг индустријата од Србија и цела Европа на 29 мај во mts Дворана во Белград, Србија.

Меѓу компаниите кои ќе учествуваат се и водечки имиња од индустријата од Полска, Франција, Велика Британија, Хрватска, Словачка и Србија, вклучувајќи ги: CD PROJEKT RED, 11bit Studios, Unity, Outfit7, 3Lateral/Epic Games, Aurora Punks, Grindstone/Gamesfarm, Kando Factory, Chat3d, Old Skull Games, Ashnar Studios и многу други. Досегашната листа на потврдени говорници е веќе објавена на веб-страницата на настанот, а целосната агенда ќе биде достапна во почетокот на мај.

Организирана од Српската асоцијација за видеоигри (SGA), конференцијата по прв пат ќе понуди можност инди студија да се презентираат пред некои од водечките европски издавачи, како и пред публика од неколку стотици професионалци од индустријата. Програмата со наслов GAME SLICE ќе вклучи избрани тимови од отворениот повик, како и предавања и панел со издавачи како Raw Fury, Aurora Punks, Untold Tales, Herocraft, Bright Gambit, New Tales и Kando Factory.

Сите заинтересирани тимови од Македонија, но и од цела Европа, се поканети да аплицираат најдоцна до 15 мај преку следниот линк. Сите информации за програмата Game Slice се достапни на веб-страницата на конференцијата. Тимовите кои ќе бидат избрани ќе добијат:

✅ Бесплатен влез за сите членови на тимот
✅ 5+ минути на сцена за презентирање
✅ Повратни информации од искусни издавачи
✅ Можност проектот да го видат стотици професионалци
✅ Награда од публиката (доколку ве одберат 😉)
✅ Промоција на вашиот проект на sga.rs

Напомена: SGA не ги покрива трошоците за патување или сместување на тимовите.

✨ Презентирајте го вашиот проект и добијте вредна повратна информација од европски издавачи!

Издавачите обично учествуваат во финансирањето, развојот, портирањето, маркетингот и дистрибуцијата на проектите што ги потпишуваат. Тие исто така можат да склучат договор со студиото според договорен концепт или врз основа на IP. Издавачот потоа соработува со продуцентот на играта. Студијата во Македонија имаат ограничено искуство во работа со меѓународни издавачи – нешто што оваа програма има за цел да го подобри.

🗓️ Богата програма со предавања, панели и работилници ве очекува на FOR THE WIN! во Белград на 29 мај во mts Дворана, со повеќе од 40 говорници од цела Европа кои ќе зборуваат за развој, продукција, маркетинг и други релевантни теми. На ден пред конференцијата ќе се одржи мастер клас посветен на користењето на вештачката интелигенција во продукцијата на игри.

🔗 Следете ја страницата ftwconference.com за сите детали и осигурајте си билет навреме!

FTW! е реализирана со поддршка и во соработка со Outfit7, Unity Technologies, 3Lateral/Epic Games, Playstudios Europe, Polish Institute, Institut Français, Creative MEDIA Desk и Metropol Palace.