Scroll Top

Прв тизер за Olga – Epizode 1 на Workbench Entertainment

Нова мистериозна наративна игра во Македонското гејминг поле е на повидок. Повторно од Workbench Entertainment доаѓа нова FPS наративна игра со феноменален визуелен израз. Колоритот од тизер трејлерот потсеќа не #Firewatch, но приказната ќе биде сместена во селото Беловодица, Прилепско.

Тимот на Workbench се љубители на природата кои многу често организираат планински тури низ Македонија. Токму на една от тие тури при посетата на малото селце Беловодица се родила идејата за новиот проект наречен „Олга – Епизода 1“.

Тоа беше знак дека е време да ја претвориме оваа идеја во нешто повеќе па така почнавме да работиме на нашата нова игра.

Во играта ќе има многу елементи од културата распространета на нашето подрачје, а и дејството ќе се одвива токму во Беловодица.

„Олга“ е стилизирана авантура за која имаат план да се објавува во епизоди.

Сценариото на „Олга“ е базирано на вистинска приказна на кое ќе се надоврат нови елементи за да се добие комплетната мистерија. Низ приказната ќе можете да се сретнете со вистински случки и ликови клои постоеле и дејствувале токму во Беловодица.

Еден од нашите членови не снабди со книга за селото која ни беше од огромна помош кога станува збор за тоа како ќе го претставуваме во 3D форма. Во играта ќе забележите дека релјефот, архитектурата и другите елементи се скоро идентични како во реалноста.

Во последните неколку години некои од најдобрите игри кои излегоа црпеа инспирација од приказни од Балканот и Славјанската култура и митологија. „Олга“ ќе биде токму тоа! Базирана на приказните од Беловодица и Македонија, но надградени од креативниот ум на Воркбенч нема сомнежи дека ова ќе биде успешна игра. glgl дечки!