Scroll Top

(видео) СП. поткаст: Видео игрите со Гораст Цветковски

Вечерва се емитува шестата епизода од втората сезона на поткастот на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е актерот, програмер и гејмер, Гораст Цветковски, со кого разговаравме за светот на видео игрите, создавањето на видео игрите во Македонија, е-спротот, стриминг платформите и многу други интересни теми.

Цветковски ни раскажува за неговите почетоци во гејминг индустријата, првите видео игри кои ги играл и идејата да започне да се занимава со нив.

Тој ни опишува како се одвива процесот на креирање на една видео игра, кои игри најмногу се произведуваат во Македонија и големиот број на млади кои се занимаваат со оваа професија.

Со Цветковски разговараме и за тоа што може да очекуваме од видео игрите во иднина, балансирањето на актерството и гејмингот, програмерството и иднината на е-спортот во Македонија.

Целиот поткаст можете да го проследите во продолжение:

Слободен Печат Подкаст