Нашите пријатели од Agora Gaming Partners ги покануваат македонските студија за развивање на игри да аплицираат на престојниот натпревар за презентирање на игри што ќе се одржи во рамки на PLAYCON во Малта, од 18-22 Ноември, 2026.
Ова е одлична можност за тимови од Македонија кои работат на свои игри да ги претстават своите проекти пред издавачи, инвеститори и професионалци од меѓународната индустрија за игри. Настанот е особено релевантен за локални и регионални студија што бараат фидбек, можност за издавање, инвестиции, нови контакти или поголема видливост на европската сцена. Рокот за аплицирање е 15ти Октомври, 2026.

Форматот на натпреварот е наменет за студија кои имаат игра во развој и сакаат да ја презентираат пред релевантна публика од индустријата. Селектираните тимови ќе имаат можност да презентираат во живо за време на PLAYCON Summit во Малта.
Ги охрабруваме сите македонски студија и инди тимови со активни проекти да ја разгледаат можноста и да аплицираат.
Форма за аликација: [Линк]
Повеќе детали за форматот, критериумите за аплицирање, категории на награди и присутните издавачи/инвеститори се достапни на следниот линк: [Линк]
Ако сте македонско студио со игра во развој, ова е добра прилика да излезете пред меѓународна публика и да отворите нови можности за вашиот проект.








