Scroll Top

Нов официјален трејлер и промена на име за играта Skopje (’83)

Нашите најголеми ѕверки од Dark-1 го објавија новиот официјален трејлер за нивната претстојна игра која што ја чекаме со нетрпение – Skopje ’83!

Dark-1 во септември 2023 година официјално добија голем издавач кој ќе им помогне играта да излезе официјално во најдобро светло. Се работи за PM Studios кои што на Dark-1 им помогаа премногу за промоција и нормално за финалниот производ!

Но… сепак сите што читате ова изгледа приметувате нешто чудно и интересно… Името е различно! Официјално играта “Skopje” се преименува во “Skopje ’83“, а официјалната изјава е:

Одбравме да го подновиме името за да избегнеме забуна со градот, да биде полесно да се најде самата игра при барање…

Кристијан Трајковски, Извршниот Директор на Dark-1