Skip to main content Scroll Top

Прва официјална средба на Управниот одбор на МГИ

Нови насоки за развој на македонската гејминг индустрија

Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, ја одржа својата прва официјална средба на Управниот одбор, на која беа поставени основите за идниот развој и активностите на асоцијацијата. На состанокот активно учествуваа Гораст Цветковски (претседател на МГИ), Дајана Димовска (CEO на Indium Play), Наум Михајловски (CEO/CCO и ко-основач на Furious Avocado), Даниела Мишевска Топуков (Site Manager на CrazyLabs), Михајло Штериов (CEO на Sindex) и Кристијан Трајковски (CEO/CTO на Dark-1).

На средбата се дискутираше за стратешкиот правец на асоцијацијата, поставувањето на приоритетни области за поддршка на гејминг заедницата во земјава, како и за активностите кои ќе придонесат за меѓународна промоција на македонската гејминг сцена. Членовите на Управниот одбор разменија идеи за подобрување на вмрежувањето меѓу локалните студија, зголемување на видливоста на македонските игри на глобалната сцена, како и иницијативи за образование и развој на таленти.

Оваа прва официјална средба ја потврди заложбата на МГИ да биде силен глас и двигател на индустријата за видео игри во Македонија. Управниот одбор договори динамична агенда за следните месеци, со фокус на организирање на настани, зајакнување на партнерствата со меѓународни организации и иницирање на програми за поддршка на стартапи и млади гејминг професионалци.