Scroll Top

(видео) Македонската индустрија за видео игри – моментална состојба и што треба да се направи

Говорењето за не-новата, но кревка индустрија за видео игри во Македонија е секогаш горко-слатко искуство. Знаењето во нејзините кругови е извонредно, но сепак, многу често не успева да застане рамо до рамо со европските стандарди и производство.

Направивме панел дискусија на тема: „Македонската индустрија за видео игри – каде стои и што треба да се прави“.

Нашите говорници Ристе Тутурски од Intetic, Иван Кикерков од Galactic Omnivore и Иво Нешковиќ ја претставија комплетната сцена, од Indie, преку Hyper Casual до AA игрите.

Сепак… ова беше само гребнатинка на површината за тоа колку потенцијал има оваа гранка што не е искористена и од приватниот и од државниот сектор.