По првото издание исполнето со предавања, панели и keynote говори, Game Dev Rev оваа година доаѓа како Expo / Showcase издание, целосно посветено на игрите што се прават во Македонија. Предавањата и панелите се враќаат наредната година, заедно со Expo-то, а GDR26 целиот простор му го дава на самите игри.
На GDR26 Expo ќе се претставаат македонски студија, тимови и соло девелопери со игри развиени во последните година-две. Некои се веќе објавени, а повеќето сè уште се развиваат и допрва доаѓаат.

Зошто Expo формат
Идејата е да ги доближиме изработувачите на игри до нивните идни играчи и купувачи, уште пред игрите да излезат на пазарот.
Фидбекот од вистински играчи во рана фаза е еден од највредните ресурси за секоја игра. Тој покажува што функционира, што треба да се подобри и дали играта ја допира публиката за која е наменета.
На Expo-то девелоперите ќе можат во живо да ја истестираат својата таргет публика, да ги видат реакциите на играчите и да соберат конкретни насоки пред објавувањето. За посетителите тоа е шанса да ги пробаат игрите пред сите други и директно да влијаат на тоа како ќе изгледа финалната верзија.
Што ќе има на GDR26 Expo
- Игри за пробување. Од рани демо верзии до веќе објавени наслови, на PC, конзоли, мобилни уреди, веб и VR, па дури и друштвени игри.
- Луѓето зад игрите. Девелоперите ќе бидат на своите штандови за разговор, прашања и фидбек.
- Поврзување. Expo-то е место за средба на девелопери, играчи, медиуми, партнери и потенцијални издавачи.
Каде и кога
- Место: Скопје City Mall, како дел од А1 GameFest
- Датум: 21–22 ноември 2026
Оваа година во центарот на GDR се игрите. Дојдете, играјте и кажете им на девелоперите што мислите. Повеќе информации на gamedevrev.com