Scroll Top

MGI Meetups presents

Game Design

Гејм дизајн (Game Design) е есенцијална професија во индустријата за развивање на игри. Некои велат дека игра може да постои без се, освен без Game Design.

Како втор од серијата митапи на MGI, овој пат со поддршка на Indium Play, како тема го земаме гејм дизајнот во видео игрите. Назив кој многу често намерно или ненамерно се користи во погрешна конотација, односно многу луѓе мислат дека станува збор за 3Д дизајнирање или дизајнирање во некакви алатки, но во суштина тоа е претежно пишување, Word документи и спред шитови. Бројки, концепти и убедување со продуценти и паблишеи.

На оваа тема имаме три успешни приказни кои во моментов се сериозни играчи на светскиот пазар на видео игри.

  1. Дизајнирање Hypercasual
  2. Десет работи кои би ги променил во својата прва игра
    На ова предавање ќе можете да чуете 10 најважни лекции кои спикерот ги научил за време на развивањето на својата прва игра како и работите кои би ги направил различно доколку повторно ја почнал од ново. Ќе опфати различни аспети во развојот на играта вкучувајки ги концептот и опсегот, планирањето и предпродукцијата, дизајнот и механиките. Корисничкото искуство (UX), дизајнот на интерфејсот, тестирањето и добиените информации, но и балансирањето на тежината. На ова предавање ќе добиете практични совети доколку во иднина сакате да се бавите со Game Design.
  3. Како успешно да продолжите да паѓате, Гејм Дизајн во Инди игри
    Како нашиот тим дозна што е тоа Game Design и дали воопшто дознавме? Ретроспектива на добри и лоши практики за дизајнирање игри низ кои поминавме додека ги создававме нашите и основавме компанија за (во моментов) инди наслови.

Влезот на предавањата е БЕСПЛАТЕН, но заради број ве молиме евидентирајте се овде… се разбира не е задолжително, но пожелно 🙂

Локацијата веќе добро ја познавате, тоа е Base 42, кои беа домакини на Global Game Skopje 2024.

По секое предавање ќе имате шанса да поставите прашања, а по официјалниот дел Ве покануваме да останете на дружење и минглање за да се запознаете со остатокот од Гејм Дев заедницата во Македонија.

Партнери на овој митап:
Indium Play, една од водечките компании за тестирање на игри во Европа
Furious Avocado, најуспешниот Македонски гејминг стартап.

MGI, Indium Play & Furious Avocado
13.6.2024
18:00
Македонски / Српски

ПОЖЕЛНА Е РЕГИСТРАЦИЈА (CLICK)

Говорници
Furious Avocado
CEO/CCO & Co-Founder

Иако официјална професија на Наум е режисер, тој во еден момент изјавува „Сакам да се бавам со видео игри и да не мислам на ништо друго“, па така своето гејминг патешествие го започнува како Гејм Дизајнер во Македонскиот огранот на Нордеус во 2015. Потоа, една година подоцна, оди во CrazyLabs (тогашни TabTale). Во 2018 прави трансвер во Snowball Games каде го доразвива хитот Yatzee, за конечно во 2020та година да го ко-основа студиото Furious Avocado со кое го прави својот прв unicorn хит – Tie Die.

Demagog Studio
Game Designer

Никола Месарович својата кариера ја започнува како рецензент на игри за Демагог Студио, каде се „закачува“ за демото на “Highwater”. Оттука преидува во улога на главен QA за играта “Golf Club: Wasteland”, за потоа конечно да стане Game Designer на игрите “Highwater” и “The Cub”.

Shosha Games
Head of Studio

Филмски режисер, ко-основач на YouTube каналот Филмофил и предавач во филмското училиште Фокус во Белград. Дипломира на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград, специјализиран за дигитални уметности. Растејќи со видео игри, го пренесува своето знаење од филмскиот свет на видео игрите. Во 2022 година,  го основа Shosha Games, студио за инди игри и учествува во програмата SGA Playing Narratives каде се запознава со повеќето од сегашните членови на Shosha Games. Од 2023 година, тој работи како инструктор за Unreal Engine во програмата Unreal Fellowship во Нови Сад, соработувајќи со Epic Games и 3Lateral. Во моментов е девелопер и дизајнер во Shosha Games.