Scroll Top

Global Game Jam Skopje 2024

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48 часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2023 година на Global Game Jam се сретнаа 41.000 џемери, се одржа на 802 локации во 108 земји и беа создадени точно 7.637 игри.

Оваа година е најдолгиот GGJ во Македонија. За прв пат одвојуваме два посебни денови каде правиме предавања поврзани со гејм џемови. Овој пат имавме чест да ги проследиме феноменалните предавања на:

24.1.2024
Данко Димоски на тема: „Game Jam Junicorns: Како и зошто успеаја и каде се сега“,

25.1.2024
Андреја Попович на тема: „Разликата помеѓу Гејм ЏЕМ и Гејм МАРМАЛАД“.

Влезот за двете предавања е слободен.

Македонија го започна своето учество во 2013 година. Во изминатите години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 2700 учесници – професионалци, студенти,  средношколци
и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти.

До сега се создадоа 278 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Македонија секоја година котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam Скопје 2024 очекува преку 50 учесници за самиот настан, но преку 200 за мини гејм дев конференцијата која ќе се случува пред него и ќе трае 3 дена. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет
пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор.

Најчести учесници на Global Game Jam во Македонија се:

  • Девелопери, 2Д и 3Д артисти, графички дизајнери, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, DATA scientest, експерти за монетизација и социјални медиуми,…
  • Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
  • Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
  • Барем 50% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
  • Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија.
MGI
24-28.1.2024
18:00
Македонски / Англиски
300 ден.
Предавачи
Nimble Giant Entertainment
Senior Game Designer
Оваа година за прв пат правиме митапи двата дена пред Global Game Jam Скопје! Идејата е да се запознаеме и дружиме со некои од поискусните во гејм дев заедницата и ќе имаме можност да чуеме нешто на тема GGJ. Мразот го крши човекот кој беше учесник, победник и жири. Некои го нарекуваат „енциклопедија за гејминг“.
INDUSTRY BUSINESS SERVICE CENTRE
Creative Director

Еден од ветераните на инди сцената за развивање на игри во Македонија. Долги години редовен учесник на GGJ во Македонија. Лани можевте да го чуете недовото предавање за тоа како на гејм џемови се развиваат скилови кои можете да ги користите во секоја компанија и да ве разликуваат од другите, а овој пат ќе ни ја објасни „Разликата помеѓу Гејм ЏЕМ и Гејм МАРМАЛАД„.