Scroll Top

Skopje Game Expo

саем на видео игри креирани од Македонски студија

Од 24 до 26 ноември 2023 се одржа првото издание на Skopje Game Expo. На него се претставија 9 Македонски студија со своите игри, а посетителите можеа да ги пробаат игрите, да разговараат со девелоперите и артистите на истите и да дадат сугестина или пофалба.

Игрите кои можеа да се видат беа Wounded: The Beginning од Workbench Entertainment, Angelic: The Chaos Theatre од Metaverse Game Studios, Inc на која работат и KAMAi MEDIA, Chasmal Fear од MystiveDev – Game Dev. & Game Marketing, Excubitor од Tesseract Interactive, Raining Blobls од Енди Милојкоски, проектот Хераклеа Линкестис од KAMAi MEDIA, The Strange Story Of Brian Fisher што се развива од KAMAi MEDIA и InteticIntetic и Skopje `83 од Dark-1.

Сите овие и други игри направени во Македонија можете да најдете во нашата архива на Македонски игри која тековно се ажурира.

Во продолжение погледнете ја галеријата на фотографии од Skopje Game Expo 2024