Scroll Top

Global Game Jam Skopje 2024

48 часовниот маратон во креирање видео

Искуството кое MGI го стекна во организацијата на Global Game Jam Macedonia од 2013 до 2023 година направи Global Game Jam Skopje 2023 да биде најпосетениот, а според учесниците и најдобриот GGJ до сега.

Се пријавија 60 учесници, а на локација дојдоа 75… и сите ги примивме. Од нив се формираа 17 тимови, а се направија неверојатни 19 игри, од кои 18 видео игри и еден бордгејм.

ГАЛЕРИИ СО ФОТОГРАФИИ

Темата за оваа година беше „Пробај да ме насмееш“, а истовремено се случуваше во 109 земји во светот, на 797 локации и глобално учествуваа 48000 учесници.
 
Видеа од игрите имате на YouTube каналот:

Оваа година за прв пат имавме предавања во деновите пред „џемерскиот“ дел од настанот. Данко Димоски и Андрија Поповиќ, едни од поискусните џемери одржаа предавања поврзани со џемањето на Global Game Jam. 

Мразот го скрши Данко Димовски, човекот кој беше учесник, победник и жири на повеќе џемови. Некои го нарекуваат „енциклопедија за гејминг“. Темата е „Game Jam unicorns: како и зошто успеаа и каде се сега“.

Следниот ден беше Андрија, еден од ветераните на инди сцената за развивање на игри во Македонија. Долги години редовен учесник на GGJ во Македонија. Неговата тема овој пат гласеше „Разликата помеѓу Гејм ЏЕМ и Гејм МАРМАЛАД“.

Погледнете ги галериите.

Global Game Jam се случува секоја година, последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија.
 
Енормно голема благодарност до спонзорите и партнерите без кои ова ќе беше многу-многу помачно:
Intetic, CrazyLabs, А1 Македонија, Seavus Education & Development Center, Liocafe, Pizza Jakomo, Kviki Makedonija, KFC, Red Bull, „7 (Седмица)“, ARAIG As Real As It Gets, и се разбира 42.mk за гостопримството и неверојатниот простор за работа и Galactic Omnivore за се околу џемот.
 
Фотографиите на настанот се дело на Jove Angeleski